Јавните набавки и во 2025 година се многу значајни за работењето на компаниите, а со тоа и за вкупната економска активност во државата. Податоците за највредните договори јасно покажуваат дека најголемиот дел од средствата завршуваат кај ограничен број компании, пред сè во енергетиката, здравството, горивата и фармацијата, додека неколку институции се издвојуваат како клучни „потрошувачи“ на буџетски пари. Но, истовремено тие треба да се сметаат и за клучни партнери на државата за спроведување на нејзините проекти, како и за извршување на здравствената, образовната и друга јавна функција.
Податоците на БизнисМрежа, застапени во оваа анализа на Пари, упатуваат на фактот дека вкупната вредност на најголемите десет доделени тендери е 189,91 милион евра. Овие јавни набавки се договорени со девет компании.
Највредниот поединечен договор постигнат во текот на минатата година е во износ од 2,48 милијарди денари, односно околу 40,45 милиони евра. Склучен е меѓу Унив…