Македонските инвеститори на пазарите на хартии од вредност се внимателни, прагматични и бараат поголема ликвидност и поголема веројатност за раст. Затоа во последните пет години постепено расте нивниот интерес за странски акции, додека вложувањата на Македонската берза покажуваат надолен тренд, со еден изолиран исклучок – 2024 година.
Во 2021 година, кога инвестирањето на странските берзи сè уште беше новост и непозната сфера, домашниот пазар сè уште беше доминантен избор. Вредноста на трансакциите со македонски хартии од вредност изнесуваше 12,9 милијарди денари и значително ги надминуваше трансакциите со странски акции, кои изнесуваа 4 милијарди денари.
Тоа беше период и на постпандемиско враќање на довербата, но и време кога каматните стапки беа ниски, а алтернативите ограничени.
Извор: Комисија за хартии од вредност
Веќе во 2022 и особено во 2023 година, сликата почнува да се менува. Обемот на тргување на Македонската берза опаѓа, д…