Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

МБА: „Европски квиз на парите” по седми пат, повик до училиштата да пријават свои тимови

22 јан. 2025 г.·3 мин читање·2578 прегледи

Следете не на Viber

Меѓународниот натпревар – „Европски квиз на парите”, проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од тринаесет до петнаесет години, годинава кај нас ќе се одржи по седми пат, во организација на Македонската банкарска асоцијација.

Од МБА упатуваат јавен повик до основните и средните училишта во државата, со свои тимови да се приклучат во годинешното напреварување. Пријавувањето е можно до 21 февруари.

Овој едукативен квиз се одвива во две фази. Првата ги опфаќа националните натпревари во секоја земја. А, во втората фаза, која всушност е и европското финале, учествуваат националните победници на земјите-учеснички.

Во два круга се одвиваат и националните одмерувања на знаењата, кои за македонските учесници ќе се одржат во рамките на „Глобалната недела на парите“, од 17 до 23 март.

Селекцијата на најдобрите тимови се прави во првиот круг преку онлајн натпревар, на македонски и на албански јазик. Потоа, во вториот круг, за кој е предвидено физичко присуство во просториите на МБА, најдобрите тимови се натпреваруваат за титулата „национален шампион“. А, тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале, кое ќе се одржи на 22 и 23 мај, во Брисел, Кралството Белгија. Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик.

Тимовите што ќе се пласираат на првите три места, за своите училишта обезбедуваат парични награди од Европската банкарска федерација.

„Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), која е едукативна платформа врз база на игра“, посочуваат од МБА и ги повикуваат заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија најдоцна до 21 февруари 2025 година, на веб-страницата на Македонската банкарска асоцијација или на електронската адреса: info@mba.mk.

Во тимовите се по двајца ученици, секое училиште може да пријави повеќе одделенија/класови и секој клас може да пријави повеќе тимови. Учениците треба да се на возраст од 13 до 15 години, со датум на раѓање од 23 мај 2009 до 23 мај 2012 година.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и за европското финале, како и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на веб-страниците mba.mk и efb.eu.

Натпреварот се реализира во соработка со Народната банка и со Комисијата за хартии од вредност.

Клучни зборови

  • Европски квиз на парите 2025
  • јавен повик
  • Македонска банкарска асоцијација
  • мба
  • ученици
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk