Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Макстил со најголем месечен раст – акции на три банки на негативната листа

8 мај 2026 г.·3 мин читање·1161 прегледи

Следете не на Viber

Во април, и покрај негативните берзански трендови, инвеститорскиот интерес ги крена цените на акциите. И, за разлика од март, кога со раст беше проследена само акцијата на Мермерниот комбинат, сега листата е поширока.

Ја предводи акцијата на Макстил, која во текот на месецот зајакнала за 24,30 насто и го достигнала нивото од 133 денари. Мартовскиот просек беше 107 денари и тогаш оваа акција беше посочена како најголем месечен губитник (-12,30 %).

На 31 март акцијата на НЛБ банка вредела 55.039,61 денар, а на 30 април – 58.000 денари. Движењето од 5,38 насто ѝ го обезбедува второто место на позитивната листа.

Следуваат Хотели Метропол Охрид со раст од 5,20 насто. Притоа, просечната цената се зголемила од 250 на 263 денари за акција.

Акцијата на Гранит го завршила месецот на нивото од 1.550 денари, на што претходело зголемување од 5,08 насто. Во март имала вредност од 1.475 денари.

Месечна промена од 2,65 насто има кај акцијата на Макпетрол – од 109.007,57 денари во март, на 111.900 денари во април.

Минус од 15,72 отсто ја следи акцијата на Македонијатурист, што е и највисок негативен процент забележан во април. Од мартовските 9.847 денари, вредноста опаднала на 8.299 денари.

ТТК банка останува на негативната листа со падот од 9,71 отсто, односно просечната цена се намалила од 1.449 на 1.308,30 денари. Во март акцијата беше на третата позиција (-8,81 %).

Трет месец по ред паѓа цената на обичната акција на Стопанска банка Скопје, овојпат за -3,53 отсто (-6,45 % во март; -6,49 %). На последниот ден од април акцијата е со просечна цена од 2.274,26 денари (2.357,37 денари – март).

Цената за акција на Тетекс Тетово се намалила од 1.982 на 1.930 денари. Месечната разлика е минус 2,62 отсто.

И најтргуваната акција на Македонска берза – на Комерцијална банка, го заокружи месецот со минус од 2,39 отсто. Акцијата во март имала просек од 27.978,65 денари, а април го заврши со 27.310 денари.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • акции со најголем пад
  • акции со најголем раст
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk