Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Mastercard Credit Contactless картичка од Халкбанк за брзо и безбедно плаќање со бројни придобивки

8 ное. 2024 г.·3 мин читање·2007 прегледи

Следете не на Viber

Во современиот свет, кредитните картички станаа незаменлив дел од секојдневниот живот кој им овозможува на корисниците да купуваат сега и да плаќаат подоцна. Без разлика дали се користат за секојдневни купувања, патувања или поголеми инвестиции, или пак, за задоволување на непланирани и итни трошоци, кредитните картички обезбедуваат удобност, безбедност и нудат многу други поволности кои го прават животот полесен и побезгрижен.

Токму такви поволности нуди Mastercard Credit Contactless кредитната картичка од Халкбанк која што претставува идеален избор за сите кои сакаат брзи, безбедни,бесконтактни плаќања и секако дополнителни бенефиции. Како  дел од промотивна понуда, Халкбанк за првите 500 клиенти што ќе аплицираат за добивање ваква картичка и ќе направат трансакција со неа, обезбеди дигитален ваучер од 1.200 денари од giftcards.mk

Клиентите кои ќе ги исполнат условите за добивање на ваучерот, ќе добијат е-пошта со упатства за активирање и користење на ваучерот.  Откако на линкот ќе изберат ваучер за еден од понудените трговци, тие ќе добијат баркод кој потоа може да се реализира во  продажните места со прикажување на истиот преку телефон или друг уред. Уште една дополнителна придобивка е тоа што корисниците кои ќе направат промет од 45000 денари се стекнуваат со дополнителен ваучер од giftcards.mk во вредност од 1800 денари.

Mastercard Contactless кредитната картичка од Халкбанк инаку нуди многу поволности, како купување на рати без камата кај повеќе од 800 партнери на банката, можност за повлекување готовина без провизија во последните седум дена од месецот од банкоматите на Халкбанк и попусти до 10% при купување  доброволно осигурување од Халк Осигурување. Корисниците на кредитните картички, Банката ги наградува и со Бонус програма со која со пазарување на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на  бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства  кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.

Mastercard Contactless картичките се дизајнирани со највисоки безбедносни стандарди, вклучувајќи 3D Secure технологија, обезбедувајќи безгрижно и сигурно искуство при плаќање.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за Mastercard Contactless кредитната картичка во најблиската филијала или онлајн преку електронско или мобилно банкарство на Халкбанк.

Клучни зборови

  • Mastercard Credit Contactless
  • Халкбанк А.Д. Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk