Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МАСЛИНОВОТО МАСЛО ДОСТИГНУВА АСТРОНОМСКИ ЦЕНИ, во Португалија поскапо за 70 проценти, во Грција – 67%

Ј.Д.·5 мар. 2024 г.·2 мин читање

На ниво на ЕУ цената на маслиновото масло се зголемила за 50% за една година, соопшти бирото за статистика на Европската Унија – Еуростат.
Португалија забележа највисок скок на цените во блокот, со скоро 70% пораст, а потоа следат Грција и Шпанија (63%). Трите земји заедно произведуваат најголем дел од европското маслиново масло. Кипар забележа годишен пораст од 49%.

Еуростат соопшти дека цената на маслиновото масло вртоглаво се искачи во втората половина на 2023 година со пораст од 37 отсто во август, во споредба со август 2022 година. Овој тренд се забрза во септември со пораст од 44 отсто и пораст од 50 отсто следниот месец.

Врвот на годишната стапка на промена се случи во ноември 2023 година (за 51% повеќе од ноември 2022 година). Во декември имаше мало забавување, бидејќи цените беа за 47% повисоки во споредба со декември 2022 година.

ЌЕ БИДЕ И ПОСКАПО?

Според Националната банка на Грција, маслиновото масло учествува со 9% од вкупната вредност на земјоделското производство во Грција во споредба со 1% во Европа и поголем процент од БДП во Грција (0,4%) отколку во Шпанија или Италија.

Постои очекување дека глобалните цени на маслиновото масло дополнително ќе се искачат, бидејќи сушата ја зафати културната година 2023/24, која официјално започна на 1 октомври 2023 година.

Официјалните лица во Шпанија очекуваат производството да остане под еден милион тони за невидена жетва втора по ред.

Водечкиот земјоделски синдикат во Шпанија, Cooperativas Agro-alimentarias, цитиран од Olive Oil Times, процени дека производството ќе се зголеми на 755.000, што е сè уште под просекот, но тоа е подобрување во однос на рекордно нискиот принос од 664.033 тони претходната земјоделска година.

Клучни зборови

  • грција
  • Европска Унија
  • инфлација
  • маслиново маско
  • португалија
  • цени
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk