Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Mашинското учење и напредна технологија како алатки за одговорни кредитни практики и унапредено корисничко искуство

2 апр. 2025 г.·3 мин читање·3677 прегледи

Следете не на Viber

Започнувајќи од мобилната апликација Myiute, како единствена од ваков тип на пазарот, до целосна дигитализација на процесите, воведување на напредна технологија за електронска идентификација, бескартични банкомати, како и имплементирање на револуционерниот модел ‘Купи сега, плати подоцна”, Иуте Македонија веќе одамна се позиционираше како пионер и лидер на пазарот во делот на иновации и дигитализација.

Како компанија која цврсто се залага за одговорно, транспарентно и целосно безбедно кредитирање, Иуте Македонија од неодамна започна со имплементирање на наука базирана на податоци и машинско учење, како чекор плус во унапредување на бизнис процесите  и корисничкото искуство.

Дополнително, Иуте Македонија стана и првото друштво  кое покрај услугата на Македонско кредитно биро за обврски на клиентот, започна да ја користи и услугата за приходи и работодавец.

Преку користење на овие напредни модели за машинско учење, може да се добие детален увид во однесувањето на клиентите, прецизно да се процени кредитоспособноста на клиентите, да се намали кредитниот ризик и да се носат издржани етички одлуки при одобрувањето на изложеностите, што резултира со ниска стапка на неисполнување на обврските на клиентите и подобрување на севкупните перформанси на портфолиото.

“Изминатиов месец одделот за наплата во Секторот за ризици успеа да достигне рекордно најнизок дефолтиран износ кој не е регистриран од почетокот на 2022 година, и тоа на скоро двојно помало портфолио од денешното. Машинското учење придонесува и за креирање персонализирана понуда во поглед на износот и каматната стапка, соодветно на кредитоспособноста и ризичната група. За технолошки развоj за коj во повеќето традиционални финаниски институции се потребни повеќе месеци, кај нас доаѓаат за неколку дена, па и за неколку часа, се во служба на унапредено корисничко искуство, одговорно и етичко кредитирање, како и технологија во служба на враќање на времето на луѓето”-вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте.

Иуте Македонија e воедно и првото финансиско друштво сo усогласена регулатива и интегрирана регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст, водечки и лиценциран провајдер на решенија за дигитален идентитет во Југоисточна Европа и првиот регистриран издавач на шема за електронска идентификација во земјата, со највисоки безбедносни стандарди за заштита на личните податоци.

Ова супериорно корисничко искуство на клиентите ќе им овозможи целосна флексибилност во обавување на услугите.

Носењето на поиздржани одлуки врз база на проценка на севкупниот профил на клиентот го намалува ризикот од презадолженост и неможност на враќање на долгот. Со еден збор, фокусот е на носење на етички и одржливи одлуки за кредитирање.

Преку користење на моќта на машинското учење и наука базирана на податоци, финансиските друштва си овозможуваат поголема стабилност, ефикасност на деловните процеси, потенцијал за раст и пред се, градење на лојалност и релации на долги патеки со клиентите.

Како што трендовите и процесите на дигитална трансформација еволуираат, машинското учење се очекува да земе уште повитална улога и целосно да го редефинира финансиското опкружување и пазарот.

Како што велат од Иуте, технологијата е во служба на враќање на времето на луѓето, а корисниците ги бараат и користат финтек услугите не затоа што не се погодни да користат услуги од банка, туку заради едноставноста, достапноста, брзината, транспарентноста, односно заради подобреното корисничко искуство во финтек компаниите.

Клучни зборови

  • MyIute
  • Иуте Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk