Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народна банка: Мартовската камата за кредити 5,04, за депозитите 1,11 проценти

2 мај 2023 г.·3 мин читање·1657 прегледи

Следете не на Viber

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во март е зголемена и изнесува 5,04 проценти. Исто така, рааст бележи и просечната каматна стапка на вкупните депозити, која е на  ниво од 1,11 проценти, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

За новоодобрените кредити мартовскиот каматен просек е 5,26 отсто. Тука се работи за месечно и годишно зголемување од 0,06 п.п. и 1,51 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новите  депозити е со месечен и годишен раст од 0,33 п.п. и 1,36 п.п., соодветно и изнесува 2,04 проценти.

Кај кредитите на корпоративниот сектор стапката е 4,70 проценти по месечниот раст од 0,07 п.п. Ова придвижување се толкува со зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута, но и на оние за денарските кредити без валутна клаузула. Во споредба со март минатата година, оваа каматна стапка бележи раст од 1,27 п.п.

За новоодобрените кредити на корпоративниот сектор стапката е 5,27% и е повисока за 0,05 п.п., на месечно ниво. Нагорната промена, според објаснувањето на Народната банка, се должи на зголемените каматни стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула. За разлика од тоа, каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула бележат пад. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е со раст од 1,96 процентни поени.

Намалување во март има кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор. Падот е од 0,01 п.п. и изнесува 1,74 проценти. Оттука, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа годишен раст од 0,80 п.п.

Стапката, пак, на новопримените депозити на корпоративниот сектор е 1,10 проценти, со месечно намалување од 0,30 п.п.

Кога станува збор за населението, односно домаќинствата, мартовската каматна стапка на вкупните кредити е 5,34 проценти. Поточно, на истото ниво е како и во февруари, со тоа што на годишна основа има раст од 0,23 п.п.

Кај новоодобрените кредити во оваа категорија каматата е со месечен раст од 0,05 п.п. и изнесува 5,23 проценти. Во однос на март 2022, каматната стапка се зголемила за 0,76 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,04 проценти и има месечен раст за 0,12 п.п. На годишно ниво оваа стапка е повисока за 0,36 п.п.

За новите депозити на домаќинствата стапката исто така пораснала на месечна основа – за 0,41 п.п. и изнесува 2,27 проценти, додека годишниот раст  е 1,64 п.п.

Клучни зборови

  • депозити
  • камата
  • кредити
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk