Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФондови

Дали ви се познати законските измени во пензискиот систем и кои се вашите права?

23 авг. 2019 г.·4 мин читање·236 прегледи

Следете не на Viber
30 септември 2019 – Рок за поднесување писмена Изјава за престанување или продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд!

 

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, од неодамна организира едукативна кампања која има за цел да им помогне на сите идни пензионери да ги знаат своите права по промените во законската регулатива.

Измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, се однесуваат на следните фокус прашања:

– Дали по 01.01.2019 година вие продолжувате да сте член во втор столб?
– Дали по 01.01.2019 година вашето членство во втор столб престанало согласно измените на Законот и вие продолжувате да бидете член само во прв столб?
– По 01.01.2019 година вие имате право да изберете да продолжите да бидете член во втор столб? Со потпишување на писмена Изјава или согласно измените на Законот вашето членство ќе престане на 30.09.2019 година и вие ќе продолжувате да бидете член само во прв столб.
– Дали вие како ново вработено лице по 01.01.2019 година сте член на втор столб и дали сте распределени во еден од задолжителнитепензиски фондови? и
– Што се случува со вашите средства при промена на статусот?

Дел од одговорите на прашањата можете да ги добиете и со самото отворање на интернет-страницата на МАПАС. Како?

Запознајте го МАПИ – вашиот личен пензиски советник

За подобро да ги разберете законските измени во пензискиот систем, МАПАС ви го претставува Мапи – вашиот личен пензиски советник.

Мапи се појавува при секое влегување на интернет-страницата на МАПАС и ви поставува неколку прашања.

Прво, потребно е да го внесете вашиот датум на раѓање. Потоа, да одберете со ДА и со НЕ ако имате бенифициран стаж, стаж со зголемено траење на осигурување или сте осигуреник индивидуален земјоделец. Како и за тоа кога сте за прв пат вработен, пред 1.1.2003, после 1.1.2003 или после 1.1.2019 година. Согласно вашите одговори, Мапи ќе ви посочи во кој пензиски столб сте распоредени и дали пензиските права ќе ги остварите преку Фондот на ПИОСМ.

ВНИМАВАЈТЕ, за сите оние кои се родени пред 1 јануари 1967 година и прв пат вработени пред 1 јануари 2003 година, а кои склучиле Договор за членство во задолжителен пензиски фонд, имаат право да изберат да го прекинат или продолжат членството во задолжителен пензиски фонд. Тоа НАЈДОЦНА можат да го сторат до 30 септември 2019 година со писмена Изјава за престанување или продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд.

Доколку членот во овој рок не даде изјава, му престанува членството во задолжителен пензиски фонд. Пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од сметките на овие членови во Фондот на ПИОСМ. Тие остануваат осигурени во Фондот на ПИОСМ и таму остваруваат право на пензија под услови уредени со закон.

За МАПАС

МАПАС е регулаторна и супервизорска институција. Агенцијата во континуитет се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови. МАПАС воедно го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.

Исто така, МАПАС повеќе години наназад спроведува активности за финансиска едукација. Едукативните активности се со цел зголемување на свесноста на граѓаните за потребата од познавање на своите права и обврски.

Контактирајте го МАПАС, пензиските друштва и деловните соработници на пензиските друштва за да дознаете повеќе за вашиот статус и вашите пензиски средства.

Клучни зборови

  • МАПАС
  • пензиски фондови
  • пензиско осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk