Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФондови

МАПАС организира информативно-забавен настан за одбележување на Денот на пензиска свесност, 14.9. сабота

12 сеп. 2019 г.·2 мин читање·165 прегледи

Следете не на Viber

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) организира информативно-забавен настан од отворен тип на Градскиот плоштад во Скопје за одбележување на Денот за пензиска свесност. Настанот ќе се одржи во сабота, 14 септември, со почеток во 12.00 часот на плоштадот Македонија.

https://www.facebook.com/MAPAS.MK/videos/502330160596216/

На овој настан посетителите ќе ги добијат сите потребни информации поврзани со пензискиот систем, за начинот на кој функционира, правата на пензиските осигуреници, како и информации за новите законски измени кои засегаат одредени групи на пензиски членови и осигуреници. Информирањето на посетителите ќе го вршат стручни лица од МАПАС, Фондот на ПИОСМ, како и претставници на лиценцираните пензиските друштва во земјава, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје. Освен информациите за пензискиот систем посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на бендот „Деј оф“, но и ќе можат да се испробаат во квизот на знаење кој ќе им донесе скромни награди и подароци поврзани со настанот.

Настанот се организира со цел да се подигне свеста на граѓаните за значењето на пензиското осигурување и да ја зголемат информираноста за пензискиот систем. Со тоа, сегашните и идни осигуреници и членови добиваат значајна основа за да може да ја испланираат и да ја осигураат својата пензиска иднина.

Клучни зборови

  • Ден на пензиска свесност
  • МАПАС
  • пензиски друштва
  • пензиски фондови
  • ФПИОСМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk