Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

МАПАС, КБ Прво Пензиско, Сава Пензиско и Триглав Пензиско активно се посветени на подигнување на свеста за потребата од финансиска едукација

27 ное. 2020 г.·2 мин читање·2583 прегледи

Следете не на Viber

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, заедно со трите пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје активно се посветени на подигнување на свеста за потребата од финансиска едукација и финансиска инклузија на сите целни групи во нашето општество, но пред се на младите кои се движечка сила на економскиот развој на земјата.

Во тој правец е и објавата на новата информативно-едукативна брошура „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш“, која содржи низа информации за функционирањето на капитално финансираното пензиско осигурување, правта на членовите, работењето на пензиските друштва и функцијата на МАПАС чија основна цел и задача е да ги штити интересите на членовите и да го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.

Брошурата нуди краток и едноставен приказ на најважните информации со акцент на сите постојни можности за вклучување во вториот задолжителен и третиот доброволен пензиски фонд. Во неа се опфатени значителен дел од активностите, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и значајни информации се обезбедува поголема информираност на јавноста, а пред се на младите за различни аспекти и бенифиции од вклучување во капитално финансираното пензиско осигурување.

Публикацијата е наменета за пошироката јавност, но пред се на младата популација и е достапна во електронски формат.

“Објавувањето на брошурата е дел од нашите најнови активности во сферата на финансиската едукација и од активностите на маркетинг кампањата за подигање на свеста на јавноста, а пред се на младите за значењето на капитално финансираното пензиско осигурување”, порачуваат од МАПАС.

Линк до брошурата

Клучни зборови

  • КБ Прво пензиско друштво
  • МАПАС
  • Сава пензиско друштво а.д. Скопје
  • ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk