Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Малку познат хеџ фонд предизвика хаос на Волстрит

1 апр. 2021 г.·2 мин читање·1112 прегледи

Следете не на Viber

Со ненадејната ликвидација компанијата „Архегос Капитал“ предизвика паника на американскиот финансиски пазар.

Хеџ фондот ги искористи позајмените пари за да се обложи на вредноста на акциите на медиумите. Тој исто така користел разни финансиски деривати за оваа намена, па затоа е многу тешко да се процени вкупната сума на пари што ја вложил. Сето ова немаше да се знае без изненадувачка најава.

Имено, минатата недела медиумскиот гигант „VIACOM CBS“ објави продажба на своите акции во вредност од три милијарди долари. До тој момент, вредноста на акциите на оваа компанија постојано растеше, но по ова соопштение, таа забележа остар пад.

Тогаш „Архегос“ се соочи со заемодавателите преку механизам наречен маргина повик. Тоа е интервенција на брокер кој бара од инвеститорот да додаде одредени средства на неговата сметка, доколку тие паднале под наведеното ниво. Ако не може да плати, брокерот може да ги продаде акциите во негово име. Тоа всушност му се случи на овој хеџ фонд.

Голдман Сакс и Морган Стенли итно ги продадоа своите акции во петокот. Во меѓувреме, инвестициските банки Номура и Кредит Свис ги предупредија инвеститорите дека се соочуваат со големи загуби. Акциите во јапонската Номура паднаа за 16%, а во Кредит Свис за 14%.

Комисијата за размена на хартии од вредност на САД вчера објави дека „ја следи состојбата и комуницира со учесниците на пазарот од минатата недела“, додека се шири паника околу можната количина на загуби поради присилната ликвидација на фондот Бил Хванг, инаку сопственик на „ Архегос “.

Клучни зборови

  • Архегос Капитал
  • Берза
  • хаос
  • хеџ фонд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk