Во Македонија има 96 мали хидроцентрали. Тие минатата година произвеле 979.254 kwh електрична енергија која ја откупува ЕСМ по гарантирана цена (повластена траифа со цел да се стимулираат обновливи извори на енергија). Овие киловат часови чинеле 16 милиони евра, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика.
Пари кои потоа се покриваат преку сметките за струја што ги плаќаат домаќинствата. Оттука во јавноста се поголем е револтот дека народот ги полни џебовите на поединци, а од друга страна тука се и екологистите кои тврдат дека малите хидроцентрали им нанесуваат голема штета на шумите, на животинскиот и на растителниот свет во подрачјата каде што се градат.
Порталот Пари, во соработка со БизнисМрежа.мк анализираше какви приходи остваруваат сопствениците на малите хидроцентрали. Лиценци за производство на струја од мали хидроцентрали имаат 40 компании, но најмногу во јавноста се проблематизира струјата што ја произведуваат малите хидроцентрали на две јавни личности- бизнисменот Кочо…