Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Макпрогрес, преку сертифицирана стручна академија, ќе работи на намалување на недостигот на квалификувана работна сила во прехранбениот сектор“

26 мар. 2024 г.·2 мин читање·2091 прегледи

Следете не на Viber

На 25ти март во организација на Макпрогрес и Фондацијата Прогресив Академија во просториите на Винчини развоен центар се одржа интерактивна дебата на која беа истакнати предизвиците за квалификувана работна сила со кои се соочува прехранбениот сектор. Пред присутните, компании, средните технички училишта и други релевантни организации, Генералниот директор на Макпроргрес  Глигор Цветанов ја промовираше  Винчини Академијата, првата сертифицирана програма за кондитор, слаткар и пекар во Македонија.

“Винчини Академијата ја креиравме со цел да ги подготвиме идните генерации на кондитори, да ги обучиме со најнови техники и вештини во секторот и да го поддржиме нивниот кариерен напредок. Оваа иницијатива е инвестиција во младите луѓе, во иднината на прехранбениот сектор и во општеството како целост.  Ние  целиме да создадеме пат за подобро општество, каде квалификуваната работна сила е достапна и каде компаниите во прехранбениот сектор можат да го најдат неопходниот талент за своите потреби.“ – истакна г-дин Цветанов.

„Програмата во времетраење од 3 месеци, на која ќе предаваат врвни инстуктори од прехранбената индустрија, ќе се оддржува во просториите на Винчини развоен центар. Едукативниот  центар е опремен со најнова технологија и нуди уникатни услови за преквалификација и доквалификација на вработени и невработени“  – заклучи Александра Кирилова, Директор на Прогресив Академија.

Програмата за развој на технични вештини и обуки за менаџмент се реализира во партнерство со Макпрогрес и ЕБРД, а имплементарот на програмата е консултантската компанија од Скопје PrimePoint.

Клучни зборови

  • Винчини Академија
  • Макпрогрес
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk