Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Макпетрол“ со трета по ред награда за општествено одговорната кампања „Крени Глас“

22 мај 2025 г.·3 мин читање·1186 прегледи

Следете не на Viber

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се закити со бронза на неодамнешниот фестивал на креативноста, BalCannes. На регионалниот собир, што се одржа од 15 до 18 мај во Ровињ, Словенија, македонската компанија освои признание во категоријата за корпоративни комуникации. Манифестацијата е меѓу најголемите во југоисточна Европа, а годинава беа пријавени рекордни 201 проект. Кампањата се реализира со поддршка од маркетинг-агенцијата „Њу Момент“.

Ова е уште една во низата одличја што „Макпетрол“ го доби за активностите во рамки на кампањата „Стоп за булинг“. На првите Socialize Awards, што на 24 април се одржаа во „Александар Палас“, меѓу 80 пријавени проекти, тој на македонската компанија беше прогласен за победник во категоријата „најдобра општествено одговорна кампања“. Во октомври минатата година, пак, на фестивалот за дигитална креативност, SoMo Borac, кампањата на „Макпетрол“ ја освои регионалната награда во категоријата „дигитален микс“.

„Крени глас против врсничко насилство“ е општествено одговорна кампања што „Макпетрол“ ја отпочна во септември 2023 година, со цел да го зголеми јавниот интерес за проблемот со булингот. Во рамки на активностите, викендов се одржа голем настан на „Школка“ во Градски Парк во Скопје, во којшто уживаа неколку илјади посетители. Дел од програмата беа Боно, Пајак и Лара, Петко, Сашко Коцев, како и децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Собирот вклучуваше и низа забавни активности за најмладите, како и одлични можности за дружење.

Кампањата на „Макпетрол“ моментно е во втората фаза, која што, меѓу другото, опфаќа организација на едукативни работилници наменети за родители. Вакви средби досега беа овозможени на 15 локации, а во следниот период ќе се одржат во Струга и во Охрид. Во првата фаза од кампањата беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Тие се одржаа во 26 општини кои што се приклучија, ги поддржаа активностите на „Макпетрол“ и со кои компанијата потпиша меморандуми за соработка. Интернет-страницата kreniglas.mk е платформа што содржи информации кои можат да придонесат во подобро разбирање на проблемот со булингот.

За „Макпетрол“ општествената одговорност е една од најзначајните стратешки цели. Преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата цели кон зголемен јавен интерес и давање придонес во креирањето решенија за проблемот со булингот. Децата, учениците, младите генерации и во иднина ќе бидат дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол.

Клучни зборови

  • Крени глас против врсничко насилство
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk