Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и од Струга

3 јун. 2025 г.·3 мин читање·1007 прегледи

Следете не на Viber

Работилници против врсничко насилство наменети за родители ќе се одржат во Струга и во Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Утре, 4 јуни, со почеток во 18 часот, ваква едукативна средба ќе се случува во струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“. Задутре, 5 јуни, исто така, со почеток во 18 часот, „Крени глас“ работилница ќе се одвива во охридското основно училиште „Григор Прличев“. На двете едукативни средби, родителите ќе имаат можност да разговараат со психологот Деспина Стојановска, а водител ќе биде актерот Сашко Коцев.

Овие работилници ќе бидат 16 и 17 по ред што „Макпетрол“ ги овозможува за родителите во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“. За булингот се дискутираше во општините Гази Баба, Гевгелија (со Валандово, Дојран и со Ново Село), Илинден и Петровец, Бутел и Чучер-Сандево, како и во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Вакви едукативни средби се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, потоа и во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, на која присуствуваа и граѓани од Виница и од Берово.

Преку работилниците, родителите добиваат простор за подобро да се запознаат со најразличните аспекти на проблемот со врсничкото насилство, и особено, со начините на кои што тој влијае врз развојот на децата. Меѓу темите за кои што се дискутира се и препознавањето на случаите со булинг, но и пристапот што треба да се примени во нивното разрешување. Освен за стручниот аспект, родителите со психологот можат да разговараат и доколку имале лично искуство со овој проблем. Дел од средбите се и претставници на стручните служби на училиштата во општината, кои при случаи на врсничко насилство работат со учениците.

„Макпетрол“ потпиша меморандуми за соработка со 26 општини кои што се приклучија и ги поддржаа активностите од општествено одговорната кампања. Во првата фаза од „Крени глас против врсничко насилство“ беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Централен дел на кампањата е интернет-страницата kreniglas.mk. Оваа веб-платформа содржи многу информации, едукативни материјали, како и можност за анонимно споделување лични приказни поврзани со булингот.

Општествената одговорност е еден од најзначајните стратешки приоритети на „Макпетрол“, на чија што реализација компанијата посветено работи низ годините. Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ има за цел да поттикне дискусија и да го зголеми интересот во јавноста за проблемот со булингот. „Макпетрол“ и во иднина ќе работи на планот на општествената одговорност, а голем дел од овие активности и натаму ќе биде посветен на младите.

Клучни зборови

  • Крени глас
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk