Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Македонските градежници најактивни во Германија – во 2023 зголемен обем на работа во странство

15 фев. 2024 г.·2 мин читање·621 прегледи

Следете не на Viber

Македонските градежници минатата година имале повеќе работа во странство. Обемот на градежните активности се зголемил за 40,7 проценти споредено со претходната 2022 година.

Од јануари до декември лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, нашите градежници договориле градежни работи во износ од 238,369 илјади денари (3,87 милиони евра).

Во истиот тој период градежната оператива одработила, односно извршила градежни работи во вкупна вредност од 189,758 илјади денари (3,08 милиони евра). Тоа е за 18,2 насто повеќе во однос на 2022 година.

Од ДЗС посочуваат дека вредносните податоци за периодот јануари – декември 2023/2022 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 57.6535 денари.

Домашните градежници се најактивни во Германија. Договорените работи во 2023 изнесувале 194,445 илјади денари (3,16 милиони евра), што е повеќе од претходната година (1,9 милиони евра). А, пак, реализирани се, односно целосно извршени работи во вредност од 145,834 илјади денари (2,37 милиони евра).

Во сите други земји каде што се присутни, градежниците сосема ги заокружиле преземените обврски. Во Црна Гора биле договорени и извршени работи во износ од 15,000 илјади денари (243,8 илјади евра), во Бугарија 9,332 илјади денари (151,67 илјади евра), во Србија – 12,689 илјади денари (206,2 илјади евра), во Чешка Република – 2,898 илјади денари (47,1 илјада евра), во Исланд – 1,059 илјади денари (17,2 илјади евра) и во Босна и Херцеговина – 2,946 илјади денари (47,88 илјади евра).

Споредено со 2022, зголемен е обемот на работа во Црна Гора (бил 181,2 илјади евра), а намален во Бугарија, каде што преклани се изведени градежни активности од 395,2 илјади евра.

Клучни зборови

  • Германија
  • градежници
  • Државниот завод за статистика
  • работа во странство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk