Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЛАНИ СТАНАЛЕ ПОБОГАТИ ЗА 1 МИЛИЈАРДА: Македонските банки тежат 10,4 милијарди евра

28 мар. 2022 г.·3 мин читање·1284 прегледи

Следете не на Viber

Одличен успех за македонските банки. Вкупно 13-те банки во земјава во 2021-ва покажале завидни резултати во работењето. Сите без исклучок успеале да ја зголемат својата актива.

Што покажуваат бројките за богатството на домашните банки? Банките во Македонија минатата година тежеле 10,4 милијарди евра. Во 2020-тата година, пак активата на нашите банки изнесувала 9,3 милијарди евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека македонските банки во 2021 година станале побогати за дури една милијарда евра.

Банка 31.12.202031.12.2021РангРаст
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ132,637148,587115,950
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ106,028 114,10328,075
НЛБ БАНКА А.Д. СКОПЈЕ96,831107,943311,112
ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д. СКОПЈЕ26,40873,5804
ХАЛК БАНКА А.Д. СКОПЈЕ66,99572,82555,830
ПРОКРЕДИТ БАНКА А.Д. СКОПЈЕ35,30639,45564,149
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ23,77623,985 7209
РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА А.Д. СКОПЈЕ11,99714,49882,501
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА11,01512,01691,001
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ10,56711,44810881
ТТК БАНКА А.Д. СКОПЈЕ 8,8549,16011306
СИЛК РОУД БАНКА А.Д. СКОПЈЕ6,9507,89612946
КАПИТАЛ БАНКА А.Д. СКОПЈЕ2,7373,16913432
ОХРИДСКА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ 45,399

*во милиони денари

ТОП 3 банките во земјава без променети позиции. Комерцијална банка е најбогатата банка во земјава, со актива од 2,4 милијарди евра. Оваа банка ја зголемила активата за 260 милиони евра.

Со актива од 1,9 милијарди евра второто место и припаѓа на Стопанска банка. Многу блиску до неа е третата по големина банка НЛБ Банка со 1,8 милијарди евра.

Од вкупно 10,4 милијарди евра колку што тежат македонските банки само првите три Комерцијална, Стопанска и НЛБ поседуваат 6,1 милијарди евра од богатството на банките.

По присоединувањето со Охридска банка, Шпаркасе банка е на четвто место според големината на активата. Оваа банка сега тежи 1,2 милијарди евра. Веднаш зад неа е Халк банка со 1,18 милијарди евра со што оваа банка е петта по големина во земјава. Својата актива успеала да ја зголеми за речиси 95 милиони евра во 2021 споредено со претходната 2020-та година.

Шестата по големина банка е Прокредит со актива од 642 милиони евра.Универзална инвестициона банка е седма банка според големината на активата која изнесува 390 милиони евра.

Следна на листата е Развојната банка на Северна Македонија со актива од 236 милиони евра, деветта позиција е Стопанска банка АД Битола со 195 милиони евра.

Централна кооперативна банка е на десето место со 186 милиони евра. ТТК банка поседува актива од 149 милиони евра и бележи зголемување за 5 милиони евра лани.

Најмали банки во земјава се Силк роуд банка и Капитал банка чии активи изнесуваат 128 милиони евра, односно 52 милиони евра.

Од Македонската банкарска асоцијација објаснуваат на што се должи порастот на активата кај банките. 

,,Согласно објавените податоци од Народната банка, активата бележи пораст од 9% споредено со претходната година најмногу како резултат на пораст на кредитите од 8,5% и пораст на високоликвидната актива од 0,5%  (што се должи на раст на депозитите и капиталот и резервите на банкарскиот сектор), велат од банкарската асоцијација.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • актива
  • македонски банки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk