Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Македонски Телеком ги објави финансиските резултати за првиот квартал на 2020

14 мај 2020 г.·2 мин читање·378 прегледи

Следете не на Viber

Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година бележи позитивни резултати и покрај работењето во услови на вонредна состојба и пандемија. И понатаму продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизијата. Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 4 отсто и изнесуваат 2.619 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година.

Пораст на корисничката база

Бројот на корисници во сите сегменти од првите три месеци на 2020 година бележи пораст. Со раст од 0,6 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4 отсто, што се должи на континуираната работа на терен и покрај пандемијата, при што вкупниот број изнесува 205 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи екслузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 5,5 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите три месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од над 137 илјади претплатници.

Квалитетната мрежа е клучна за виталните функции во општеството

Македонски Телеком и во услови на пандемија континуирано и со несмалено темпо инвестира во капацитетите на мрежата со цел непречено функционирање и квалитетни комуникациски услуги во услови на огромна побарувачка за интернет.
„Од почетокот на кризата ги насочивме сите ресурси, човечки и финансиски, во зајакнување на мрежните капацитети за да одговориме адекватно на новонастанатата ситуација. Имаме голема одговорност, затоа што сè мора да функционира перфектно во време кога сите работат, учат и се информираат онлајн. Вложувањето во инфраструктурата ќе остане наш приоритет, бидејќи мрежата е крвотокот и предуслов за дигитализација на општеството“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Клучни зборови

  • дигитализација
  • извештаи
  • македонски телеком
  • македонски телекомуникации
  • Никола Љушев
  • приходи
  • продажба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk