Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Македонската банкарска асоцијација основаше Фондација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО” за поддршка на повредените и на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

14 апр. 2025 г.·2 мин читање·1939 прегледи

Следете не на Viber

Со длабоко сочувство и солидарност поради трагедијата во Кочани, во рамките на Македонската банкарска асоцијација е основана Фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО” за пружање помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар на 16 март 2025 година.

Водејќи се од заедничките определби за хуманост и помагање, МБА преку оваа фондација ќе обезбеди донации за поддршка на оние чии животи засекогаш се променети, а со надеж дека барем малку во наредниот период ќе им помогнат да ги надминат трауматичните последици.

Целта на основањето на Фондацијата е континуирана помош, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани поврзани со последиците од пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и на нивните семејства, како и поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на настраданите.

„Нема зборови што можат да ја утешат тагата на оние што загубија свој најмил, нема доволно дела што можат да ја ублажат болката. Но, она што можеме да направиме е да помогнеме и да покажеме дека не се сами, и сега и во иднина”, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Преку донирање средства од страна на банките, штедилниците, други финансиски институции, како и други донатори од редот на нефинансиски правни лица заинтересирани да ги поддржат целите на Фондацијата, ќе се обезбедуваат средства за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани и на нивните семејства.

Во наредниот период, МБА континуиранo ќе известува за активностите кои ќе се преземаат за реализација на целите на Фондацијата.

Клучни зборови

  • ЗАЕДНО ЗА ЕДНО
  • Македонската банкарска асоцијација (МБА)
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk