Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел

27 мар. 2026 г.·2 мин читање·1009 прегледи

Следете не на Viber

Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, станува дел од нова европска приказна и целосно дигитална банка на нов, стратешки пазар, откако IuteBank официјално го заврши транзицискиот период и започнува со работа како редовна банка на украинскиот пазар.

Транзицијата следи по добиениот државен тендер во Украина за преземање на средства и депозитни обврски на RWS Bank Украина, организиран од Фондот за гаранција на депозити, како и скорешната докапитализација со успешно помината инспекцијата на Народната банка на Украина.

IuteBank е основана како целосно лиценцирана дигитална банка, изградена од темел и под супервизија на Народната Банка на Украина, додека вкупната инвестиција на Иуте во Украина ќе изнесува 15 милиони евра.

Со официјалното започнување со работа, IuteBank  ќе ги обезбедува основните услуги за своите постојни клиенти, вклучително депозити, трансакциски сметки и домашни инстант плаќања.

Влезот на Иуте во Украина претставува значаен чекор кој ја зацврстува нејзината позиција како сериозен регионален и европски играч во дигиталното банкарство.

За македонскиот пазар, ова значи припадност кон групација која се развива во вистинска дигитална банка, со јасна визија, регулаторна зрелост и долгорочна стратегија.  IuteBank ја подигнува вредноста на целата групација, а со тоа и позицијата на Иуте Македонија како дел од стабилен, растечки и иновативен европски систем.

Ваквите чекори ја позиционираат Иуте Македонија во поширок контекст – не само како локален финансиски играч, туку како дел од поширока европска приказна за дигитална трансформација на финансискиот сектор.

„Овој проект е значаен чекор во развојот на групацијата, бидејќи претставува премин од финтек модел кон целосно лиценцирано дигитално банкарство. За нас во Иуте Македонија, ова е потврда за посветеноста кон јасна долгорочна стратегија, регулаторна стабилност и европска визија за развој. Ваквите чекори ја зајакнуваат довербата во целиот систем и ја позиционираат компанијата во поширок, европски контекст.“-вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

Оваа трансформација го подигнува нивото на доверба кај клиентите, партнерите и институциите во Македонија, бидејќи зад локалната компанија стои групација што гради банка од нова генерација – под строг надзор и со европски стандарди на управување.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Иуте Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk