Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка во областа на едукацијата

6 мар. 2021 г.·4 мин читање·2635 прегледи

Следете не на Viber

Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза.

Учесници од Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на обуки за различни теми поврзани со пазарите на капитал, како што се портфолио менаџмент, користење на финансиски извештаи, односи со инвеститори, регулаторна рамка на ЕУ за пазарите на капитал, управување со ризици, корпоративни дејства и други.

“Академијата на Загребската берза набрзо ќе ја одбележи 11-годишнината од своето работење, при што повеќе од 10.000 лица посетуваа различни форми на семинари. Денес, Академијата е најголем давател на едукативни услуги од областа на финансиите во Хрватска и во регионот и ние ќе бидеме задоволни да го споделиме нашето знаење со колегите од Македонија. Имајќи ја предвид нашата долгорочна соработка во различни области, можеме уште еднаш да и се заблагодариме на Македонската берза за довербата и веруваме дека овој договор воспоставува долгорочна и плодна соработка во областа на едукацијата“, изјави Ивана Гажиќ, Претседател на Управниот одбор на Загребска берза.

Директорот на Македонската берза, Иван Штериев изјави “Со потпишувањето на овој договор за соработка, Македонска берза истовремено постигнува две цели: ги збогатува можностите за едукација на заинтересираните домашни субјекти за функционирањето на пазарот на капитал и ја продлабочува стратешката соработка со Загребската берза. Повеќе know-how за пазарот на капитал е суштинска потреба за многумина, од оние кои работат или сакаат да работат во оваа дејност, преку инвеститорите на кои им се неопходни поголеми знаења за да носат поинформирани одлуки до издавачите на хартии од вредност. Преку се поприсутниот модел на on-line едукација, а како резултат на партнерството помеѓу нашите институции, очекувам дека на македонската публика многу брзо ќе и ги понудиме првите обуки“.

Клучни зборови

  • Загребска берза
  • Иван Штериев
  • Ивана Гажиќ
  • Македонска берза АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk