Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

БЕРЗА: ПРОМЕТОТ ОД ОБВРЗНИЦИ ЗГОЛЕМЕН ЗА 273 проценти

8 ное. 2023 г.·3 мин читање·3627 прегледи

Следете не на Viber

Активностите на Македонска берза во октомври не предизвикале значителни промени. Обврзниците го привлекуваат вниманието на инвеститорите, што кај прометот се одразува со раст од солидни 273,81 насто. Остварувањето од тргувањето со акции е во минус од 33,51 отсто. На врвот од топ пет најатрактивни акции состојбата е иста – Комерцијална банка, па „Алкалоид“.

Општата слика за октомври ја даваат следните податоци. Со раст од 1,09 проценти пазарната капитализација е 227.720.637.919 денари (3,7 милијарди евра). Кај вкупниот промет има пад од 44,34 отсто и е во износ од 321.045.731 денар (5,2 милиони евра). Во однос на септември намален е за 1,98 проценти и бројот на реализираните трансакции – на 992. Берзанскиот индекс МБИ10 е со вредност од 5.906,53 и кај него движењето е по нагорна линија, за 1,78 проценти.

Класичното тргување бележи месечно намалување од 31,8 отсто, при што се работи за вкупен промет од 207.277.301 денар (3,37 милиони евра).

Од активностите поврзани со обврзниците, кај прометот е направен исчекор од септемвриските 1.694.285 денари (27,5 илјади евра) на 6.333.453 денари (над 103 илјади евра). Прометот со акции, пак, е 200.943.848 денари (3,2 милиони евра).

Просечниот дневен промет е во негатива од 31,8 проценти и е на ниво од 10.363.865 денари (168,5 илјади евра), а просекот на дневните трансакции е 49, со намалување од два отсто во споредба со септември.

На официјалнит пазар доминантни се акциите на Комерцијална банка. Во октомври постигнале просечна цена од 12.932,87 денари. Преку 387 трансакции истргувани се 7.041 акција. Притоа, во БЕСТ системот е забележан промет од 91.060.370 денари, односно 1.480.518 евра. Во структурата на вкупниот промет има учество од 47,26 проценти.

Со 204 реализирани трансакции и истргувани 2.481 акција на „Алкалоид“, постигнат е промет од 44.296.385 денари или 720.195 евра. Просечната цена на акцијата е 17.854,25 денари, чиј удел во прометот е 22,99 отсто.

Во топ 5 најтргувани, акцијата на „Макпетрол“ постојано е со највисока цена, која во октомври е со просек од 66.847,18 денари. Истргувани се 176 акции низ 58 трансакции и направен е промет од 11.765.104 денари/191.282 евра. Учеството во прометот е со 6,11 проценти.

Акциите на Стопанска банка Скопје минале низ 70 трансакции, при што оствариле просечна цена од 1.313,46 денари. Со истргуваните 8.850 акции направен е промет од 11.624.120 денари/188.988 евра, со што партиципацијата во вкупниот промет е 6,03 отсто.

Акцијата на НЛБ Банка во октомври е со просечна цена од 28.574,32 денари. Прометот од 7.515.045 денари или 122.183 евра е остварен преку 49 трансакции, во кои се истргувани 263 акции. Во вкупниот промет нивниот удел е со 3,9 проценти.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • акции
  • Македонска берза
  • МБИ 10
  • обврзници
  • октомври
  • промет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk