Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Македонија2025 обезбеди критична медицинска опрема за поддршка на македонското здравство и жртвите од трагедијата во Кочани

15 авг. 2025 г.·3 мин читање·1613 прегледи

Следете не на Viber

Македонија2025, во партнерство со истакнати донатори од дијаспората, направи значаен придонес кон јавното здравство во Македонија преку донација на современа медицинска опрема за три главни здравствени институции во Скопје и Кочани.

„Донираните современи апарати и материјали во вредност од над 400 илјади денари се главно насочени кон третирање на пациентите кои се здобија со критични повреди во трагедијата во Кочани, но имаат и долгорочна вредност за третирање и на други пациенти. Истите се израз на солидарност и сочуство на целата заедница, а особено нашите иселеници,“  изјави Проф. Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија2025.

Најголема донација е современиот апарат за томографија со електрична импеданса PulmoVista 500 за ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ во Скопје, за унапредување на респираторната нега и поддршка на пациенти со тешки повреди.

„Овој напреден уред, прв од ваков вид во Македонија, но и пошироко во регионот, значително ќе го подобри респираторниот болнички третман и ќе обезбеди клучна поддршка за пациентите со сериозни повреди на белите дробови и критични состојби,“ изјави д-р Синиша Стојаноски, директор на болницата.

Директни донатори на овој апарат се фамилијата Битов од Канада и Вања Јосифовски од Соединетите Американски Држави, познати поддржувачи на бизнис, лидерски и општествени иницијативи во Македонија.

Покрај ова, Македонија2025 овозможи донација и на 82 еднократни PRP комплети (T-LAB PRP KIT 1) и PRP (Platelet-Rich Plasma) уреди за ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Ваквите уреди се наменети за поддршка на реконструктивни зафати за повредените лица од Кочани. Дополнително, беше дониран дигитален спирометар SpiroScout со ултразвучни сензори на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност во Кочани. Овој високо прецизен уред се користи за мерење на функцијата на белите дробови и за дијагностицирање на респираторни заболувања како астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), со што се зајакнуваат дијагностичките капацитети на болницата.

Овие донации претставуваат заеднички напор за зајакнување на капацитетите на македонскиот здравствен систем преку обезбедување на современи алатки за медицинските лица, со цел да обезбедат поквалитетен и поефикасен третман. Покрај набавката на опрема, во тек е и обука на медицинскиот кадар за ефективна употреба на истата.

Македонија2025 се заблагодарува на сите поединечни донатори за нивната несебична поддршка на земјата, на граѓаните и на настраданите од трагедијата во Кочани. Остануваме и понатаму посветени на економскиот, социјалниот и општествениот напредок на Македонија заедно со сите наши партнери и пријатели.

За Македонија2025

Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација посветена на поддршка на економскиот и лидерскиот развој во Македонија. Преку иницијативи во образованието и претприемништвото, организацијата мобилизира ресурси и ја поврзува македонската дијаспора со можности за придонес, поддршка на националниот напредок и градење на посилна нација.

Клучни зборови

  • Македонија2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk