Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

МАКЕДОНИЈА ВО ДЛАБОК ДЕФИЦИТ од стручен кадар

7 окт. 2024 г.·2 мин читање·2919 прегледи

Следете не на Viber

Недостигот на работна сила, и понатаму горчлив проблем за економијата во земјава. Недостигот на работна рака и иселувањето, државата да го балансира со увоз на работници од трети земји.

Од недостиг на работна сила најпогодени се секторите градежништво, угостителство и производство.

Директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова истакнува дека ова се и најбараните профили на работници кои се бараат од страна на работодавците.

– Но, наместо македонски државјани да се вработуваат, заради се поспецифичните барања на работодавците, се вработуваат и работнци од странство кои ги исполнуваат условите – посочува Пешова.

И додека државата со години се обидува преку ад хок решенија да покрива уште еден од низата проблеми во стопанството, како што е кусокот од квалификувана работна сила, преку ангажирање работници од странство, од бизнис-секторот инсистираат да се воспостават сериозни сеопфатни и интегрални реформски механизми. Тие, меѓу другото, ќе го спречат и феноменот на одлив на работници, кој се јавува и како последица на анемичниот приод кон толку потребните сериозни реформски зафати во стопанството.

Според Пешова, многу често работодавците имаат специфични барања за вработувања, таков расположлив кадар кој е на евиденција на агенцијата за вработување – нема.

-Бараат разни сертификати и тие се главна причина за да се одлучат да го поплнат работното место со странски државјанин. Одлуката е на самиот работодавец – истакнува директорката.

Заради задоволување на потребите на стопанството, потребна е поголема ангажираност на надлежните институции околу мотивирањето на невработените лица за преквалификации и дообуки. Иако од бизнис-секторот континуирано се потсетува на зголемување на бројот на учениците во стручните средни училишта, досега не беше спроведена стратегиска промена на севкупниот образовен систем. Реформите во образованието и наставните програми не ги следеа потребите на стопанството и адекватно на тоа да се насочува и идниот кадар што треба да биде активен на пазарот на трудот -посочуваат од бизнис-заедницата.

Доколку не се преземат конкретни чекори за подобрување на економските услови, може да се очекува дека проблемот со недостигот на работна сила ќе продолжи да се зголемува, што ќе допринесе и за зголемување на негативните последици врз економскиот развој на државата.

Клучни зборови

  • бизнис сектор
  • македонија
  • недостиг на кадар
  • работници
  • реформи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk