Македонија конечно се доближи до Европа според стапката на инфлација, откако во 2023 година најтешко се справуваше со инфлаторната спирала. Според последните податоци од Заводот за статистика, инфлацијата мерена според трошоците на живот изнесува 3 насто во февруари, споредено со февруари 2023 година, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 насто.
Народната банка оценува дека нивото на инфлација сѐ уште е над историскиот просек. „Сигналите од анкетите за инфлациските очекувања на потрошувачите исто така се поволни, односно во февруари веќе преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Остварувањата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат“, коментираат од НБРМ.
Во 2023 година, заедно со Србија и Хрватска, Македонија беше предводник во регионот, па и во Европа, со висока стапка на инфлација, тренд што дојде како постковид синдром, односно како последица од воените тензии и економската криза на глобално ниво.
Со стапка на инфлација од 5,7 насто на крајот од 2023 година, измерена од Меѓународниот монетарен фонд врз основа на по…