Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Македонија тагува

20 мар. 2025 г.·3 мин читање·3515 прегледи

Следете не на Viber

Во Кочани, Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и во Струмица денес ќе бидат погребани настраданите во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“. Животите ги загубија 59 млади лица. Македонија тагува.

Погребните церемонии ќе се одржат во различни термини: во 11 часот на градските гробишта во Штип, во 12 часот на градските гробишта во Кочани, во 13 часот на гробиштата во Облешево.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, апелира до граѓаните кои сакаат да им оддадат почит на настраданите во Кочани, да не ја попречуваат погребната церемонија.

„Поради конфигурацијата на теренот на градските гробишта во Кочани невозможно е безбедно влегување на поголем број луѓе внатре во гробиштата. На влезната капија на гробиштата ќе стојат свештеници од Кочани кои ќе ги пропуштат родителите со нивните најблиски. Ги замолувам останатите ужалени граѓани да останат надвор од портите на гробиштата“, вели Ангелов и порачува: „Денес да ги оставиме најблиските за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда“.

Со погребната церемонија во Кочани, од каде што се и најголемиот дел од настраданите, ќе чиноначaлствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи од МПЦ-OA. Од таму повикаа на достоинствено и христијанско однесување.

Од Владата синоќа излегоа со безбедносен протокол за етичко известување од погребите, изработен во соработка со Здружението на новинари и со Синдикатот на новинарите. За медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Просторот ќе биде обезбеден од припадници на МВР, како би се обезбедиле ред и безбедност во означената област. Тука ќе важи и забраната за управување со беспилотни летала , односно дронови.

Целта е со медиумскиот протокол да се заштити приватноста на семејствата на жртвите, а истовремено да им се овозможи на новинарите и на снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца, наведуваат од владината прес-служба.

За осум општини, информираа синоќа од МВР, издадена е забрана за снимање од воздух или летање дронови: Кочани, заедно со селата Оризари, Тркање и Зрновци; Штип со околните места; Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги селата Соколарци и Чифлик; Струмица со околните места; Пробиштип со околните места; Македонска Каменица со околните места; Виница со селото Митец; и Скопје – гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петров, гробиштата во село Горно Лисиче и во селото Горно Нерези.

Билансот од несреќата што се случи на 16 месецов во кочанската дискотек „Пулс“ се 59 загинати и над 170 тешко повредени. Жртва е и возачот на Итната медицинска помош, Иле Гочевски, кој несебично помагал и цела ноќ ги превезувал повредените.

Во текот на изминатите денови, во градовите низ Македонија граѓаните преку мирни собири искажуваат почит кон настраданите и сочувство со семејствата.

А денес, преку социјалните мрежи испраќаат порака со стиховите од Гого Ивановски:

„И ништо не ми расправај, ништо не ме прашувај – да биде тишина“.

Клучни зборови

  • дискотека пулс
  • КОЧАНИ
  • настрадани
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk