Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Eврообврзница: Македонија позајмува 700 милиони евра за да врати 500 милиони евра

3 мар. 2021 г.·1 мин читање·2081 прегледи

Следете не на Viber

Како што пишивме вчера, Македонија ја издава новата еврообврзница, тешка 700 милиони евра.

По вчерашната презентација пред инвеститори за издавање на нова 7 годишна еврообврзница каде беа присутни Министерот за Финансии Д-р Фатмир Бесими, Гувернерката на Народната банка Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, Вицегувернерката Ана Митреска и Дејан Николоски од Министерството за Финансии, и претставници на Народната банка и на Министерството за финансии, Македонија позајмува нови 700 милиони евра. Камата што ќе треба да ја плаќаме, сеуште не е објавена.

Во моментов на пазарот понудата за макеоднската еврообврзница изнесува 1,6 милијарди евра.

Претходно во Службен весник, Владата објави дека максималниот износ на еврообврзницата е 700 милиони евра.

Еврообврзниците се издаваат за буџетска поддршка во 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Македонија.

Рокот на доспевање на еврообврзниците ќе биде 7 години.

Во јули за отплата достасува евробрзницата издадена во 2014 година. Македонија треба да врати 500 милиони евра.

Клучни зборови

  • еврообврзница
  • македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk