Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Македонија на распродажба – Владата ќе го продава обработливото земјиште во државна сопственост

7 мај 2021 г.·3 мин читање·2138 прегледи

Следете не на Viber

По најавите на премиерот Зоран Заев, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја започна процедурата за подготовка на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. На ЕНЕР е објавен нацрт предлог законот како и нацрт извештај за проценка на влијанието на регулативата.

Оваа тема уште кога беше отворена во декември лани, доби критики од експертската јавност. Државното земјоделско земјиште односно плодната почва не треба да се продава лесно, бидејќи таа е од стратешки интерес за сите граѓани. Критиките беа во насока дека ќе се стават во неповолна положба помалите земјоделци, како и земјоделските задруги, а исто така ќе се овозможи и странци да учествуваат во откупот на државно земјоделско земјиште доколку се содружници во македонска регистрирана компанија, информира МојаФарма.мк.

МЗШВ објави дека ја започна постапката преку ЕНЕР со образложение дека „Бројните недоследности во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 и 51/2018), оневозможуваат имплементација на законот во поголем дел, кои проблеми поради нивната обемност неможат да се надминат со изменување или дополнување на постоечкиот закон“.

Временската рамка за изготвување на предлог законот ќе трае до 28 мај годинава, а засега нема најава за јавен увид. Засегнатите страни може да ги достават своите коментари преку ЕНЕР, преку состаноци и преку учество во работните групи формирани од Владата.

Според објавата на ЕНЕР целта на новиот нацрт предлог закон е „Низа на подобрувања на постапката за продажба на државното земјоделско земјиште во смисла на усогласување на рокови и времетраење на постапките, дефинирање на критериуите за избор на земјоделско земјиште во државна сопоственост за продажба, предвидување посебни постапки за приватизација на земјоделското земјиште кое е веќе издадено и земјиштето кое е слободно, земајќи ја во предвид и големината на парцелите, постоење на објекти и долгогодишните насади на државно земјоделско земјиште понудено на продажба и додефинирање на критериумите “.

Според евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности – 577 662 ha се класифицирани како обработливо земјиште во земјата. Од оваа област, околу 240 000 ha или 41% од вкупниот дел се во државна сопственост и управувани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Нацрт законот предвидува продажба на земјиште со минимална површина од 10 хектари, земјоделското земјиште не може да се преименува во градежно, а инвеститорот ќе има обврска да воведе развојна компонента, да отвори нови работни места и да вложува во обработка на откупената парцела.

Проценките на Владата се дека од расположливата површина која ќе биде ставена на продажба да се инкасираат околу 200 до 300 милиони евра во државната каса. Тоа значи дека инвеститорите, домашни физички и правни лица, но и домашни компании со странски капитал не повисок од 49% од уделот ќе може да откупат 10% до 15% од расположливата плодна почва во државна сопственост. Предност ќе имаат концесионерите, а цената ќе изнесува помеѓу 250 и 450 евра за декар.

Со предлог законот треба да се утврдат и критериумите под кои еден концесионер или инвеститор ќе може да откупи земјоделска почва во државна сопственост, како и постапките и начинот на склучување на договорите.

Според предложениот нов закон продажбата на државното земјоделско земјиште треба да започне од јуни годинава доколку решението помине во Собрание, а ќе трае до декември 2023 година.

Клучни зборови

  • државна сопственост
  • закон
  • земјоделско земјиште
  • продажба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk