Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Македонија на продажба: 200-300 милиони евра е цената за државното земјиште?

23 фев. 2021 г.·3 мин читање·1183 прегледи

Следете не на Viber

200-300 милиони евра е цената за државното земјиште кое изнесува скоро 20 отсто од вкупната територија на Македонија.

“Земјоделското земјиште во сопственост на државата ќе може да го купат физички и правни домашни лица. Може тоа да го стори и правно лице со странски капитал. Сепак за нас важно е земјиштето да остане земјоделско и да се започне земјоделска дејност. Да се модернизира производството, а новите парцели да отворат нови работни места и да даваат производи конкурентни на пазарот” велат од Владата.

Катарски компании знаат за можноста за купување и покажуваат интерес.

Најголеми парцели имаме низ Пелагонија и низ Овче Поле, но има и во други региони. Сето тоа може да биде мотивација за инвестиции.

Владата ќе продаде државно земјоделско земјиште во износ од 200 до 300 милиони евра или до 20 отсто од вкупните површини, но само доколку новите сопственици инвестираат во земјоделски гранки, без можност за пренамена на земјиштето, пишува земјоделие.мк

Продажбата на државното земјоделско земјиште ќе почне во втората половина на 2021 година. Претходно ќе треба да се донесат неопходните законски измени. Најмалата површина која ќе може да се купи ќе биде 10 хектари.

-Земјоделското земјиште нема да смее да се пренаменува во градежно земјиште, туку ќе мора да се користи за земјоделско производство. Доколку некој го купи и не го стави во функција тогаш ќе плаќа три пати поголем данок на имот.

Продажбата на земјоделско земјиште, само ја потврдува изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими кој пред само неколку недели изјави дека ” Мора да се продава државен имот, бидејќи нема простор за задолжување “.

Што мислите ќе се “офајди” ли некој од овој план за продажба земјоделското земјиште во Македонија?

Зашто ова Земјоделско земјиште не биде поделено на жителите на селата, кои што ќе се здружат во Земјоделски задруги и им бидат одобрени поволни кредити кои што ќе ги гарантира државата?

Дали малите Земјоделци ја губат битката со големите инвеститори?

Мислите ли дека за продажба на 20% од територијата на Македонија треба да има подетална јавна расправа со вклучување на експертската фела, стопанствениците инвеститорите но секако треба да бидат поканети и ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ?

Икрен ли е предлогот на владата или навистина е Македонија на продажба?

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

Клучни зборови

  • државното земјиште
  • земјоделско земјиште
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk