Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Македонија со 140 милиони евра влегува во Александрополис

15 мар. 2021 г.·2 мин читање·1391 прегледи

Следете не на Viber
Северна Македонија ќе инвестира околу 140 милиони евра во терминал за течен гас и гасна централа во Александрополис, Грција. Во терминалот нашата држава е планирано да учествува со 10 отсто, а во гасната централа ќе има удел од 25 отсто. Во гасниот терминал учесник ќе биде Национални енергетски ресурси (НЕР), а во гасната централа, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти ја разгледа и усвои Владата викендов на 53-та седница.

Станува збор за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25 отсто удел во „Александрополис Електрисити Продукшн С.А.“.

Проектот во Александрополис, Грција, кој предвидува изградба на терминал за гас и гасна централа има европско значење. За Владата ова е важен чекор што ќе овозможи Македонија да стане енергетски независна и да прерасне во транзитна земја за пренос на гас.

„Повеќе нема да бидеме краен корисник на природен гас од само еден извор, туку Северна Македонија ќе биде важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа преку новите гасоводни интерконекции со нашите соседи“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, откако Владата ја усвои потребата за потпишување меморандуми за соработка за двата проекти.

За опозицијата станува збор за штетни енергетски политики, како од политички, така и од финансиски и економски аспект.

„Соодветно на тоа, во ситуација кога немаме домашни инвестиции, оваа Влада ќе инвестира стотици милиони евра надвор од Македонија, 40 милиони евра во Александрополис (10% од 400 милиони) и 100 милиони евра во бензинска централа (25% од 400 милиони). д. вкупно 140 милиони евра, од кои само 17 се покриени со грант од Европската унија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Клучни зборови

  • Александрополис
  • гасовод
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk