Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Технологија

Македонија и Црна Гора ја прошируваат соработката и во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста

27 јул. 2023 г.·2 мин читање·48 прегледи

Следете не на Viber

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, денеска во Скопје потпишаа  Меморандум за разбирање во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

,,Имав задоволство да го пречекам мојот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, г-дин Мараш Дукај. Со цел конкретизирање на одличните односи меѓу нашите две земји, денеска го потпишуваме Меморандумот за разбирање за унапредување на развојните политики и претприемништвото во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста. Зајакнувањето на сајбер безбедноста, особено во овој период кога технологијата станува сѐ пософистицирана, претставува секојдневен предизвик, кој секогаш бара внимание, посветеност и соработка.  Дигитализацијата, заштитата на нашите системи, размената на информации, размената на знаењата, човечкиот капацитет, кој е еден од најважните вредности за секторот на сајбер безбедност, е во фокусот на овој Меморандум“, рече министерот Алиу.

Министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, од своја страна исто така изрази особено задоволство од денешното потпишување на Меморандумот:

,,Сајбер безбедноста станува сѐ поважна во нашите општества, сите земји од регионот се соочуваат со повеќе закани, затоа е неопходна регионална и меѓународна соработка за ефикасна борба против овие закани и за заштита на општеството, економијата и нашата инфраструктура“, истакна министерот Дукај.

Дополнително, на билатерална средба се говореше и за системот за онлајн плаќање Пејпал (PayPal). Министерот Алиу изјави дека двете земји заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од овој систем за онлајн плаќање:

,,Друг голем исчекор е тоа што Северна Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од системот за онлајн плаќање Пејпал (PayPal), на предлог на самата компанија. Северна Македонија и Црна Гора наскоро ќе бидат дел од PayPal“, рече министерот Алиу.

Клучни зборови

  • Азир Алиу
  • дигитализација
  • Министер за информатичко општество
  • Сајбер Безбедност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk