Во земја каде што Интернетот е секојдневие, изгледа дека најчесто го користиме за разговор, а не за развој. Наместо да го користат Интернетот како алатка за раст и напредок, на Македонците најчесто им служи за разговори, видеоповици и следење социјални мрежи.
Македонците се меѓу најактивните корисници на социјалните мрежи и видеоповици, но кога ќе дојде моментот да купат нешто онлајн, да направат банкарска трансакција или да продадат производ, ентузијазмот се губи.
Дури 89,2 насто од активностите на македонските граѓани на интернет во 2024 година биле телефонски и видеоразговори, а 76,9 насто за активности на Фејсбук, Инстаграм, Тик-ток и слични социјални мрежи. Тоа е многу повеќе од европскиот просек, кој изнесува 75,3 насто за разговори и 64,9 насто за социјални мрежи.
Со ова Македонците не се многу различни од граѓаните на другите земји од Западен Балкан, затоа што и тие го топат Интернетот со онлајн разговори и висат на социјални мрежи. Но, за разлика од Македонците, тие многу повеќе користат Интернет и за пребарување разн…