Граѓаните не штеделе за купување нов автомобил. И во пандемијата со КОВИД-19, се барало возило плус. За автомобилската индустрија, според официјалните податоци, немало криза. Најпродавани биле автомобилите што се застапени од Порше Македонија, односно фолксваген, ауди, шкода и порше.
И покрај тоа што е лидер на пазарот со најмногу продадени автомобили, Порше не заработил најмногу. Според анализата на Пари, најголема добивка има Мак Аутостар, кој е застапник на мерцедес.
За оваа година, податоците од Европа се позитивни. Втор месец по ред расте продажбата на нови автомобили. Проблемите кои минатата година ги имаа во синџирот на снабдување и недостигот на чипови, веќе се намалуваат. Производителите на автомобили во Европската Унија, Европската зона за слободна трговија и Велика Британија, во септември испорачале над 1 милион возила, што е за 7,9 насто повеќе од лани. Само во Ев…