Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Маиер: Во енергетиката најважни се луѓето, не само бројките

13 мај 2026 г.·2 мин читање·1219 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.

Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една компанија.

Г. Маиер ја истакна важноста на лидерството во енергетиката која има клучна улога во економскиот развој, но зборуваше и за нешто уште поважно – луѓето. Според него, различностите ја прават компанијата посилна. Силните компании се градат со различни карактери, различни перспективи и еднакви можности за сите. Како австриец кој работи со македонски тимови, сподели дека секојдневно учи од своите колеги овде, особено од нивниот оптимизам и позитивна енергија дури и во предизвикувачки моменти. Според него, многу поважно од тоа да се мотивираат вработените е всушност да не се демотивираат.

Панелот го модерираше Саше Димитров, член на Одборот на директори на Македонија2025 и партнер во BakerHostetler LLP,  а со г. Маиер учествуваа и Кристофер Хил, американски дипломат и поранешен амбасадор на САД во Македонија, како и Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

Панелистите разменија мислења за лидерството во време на глобални економски и геополитички предизвици, значењето на стабилните инвестиции и носењето одлуки кои имаат долгорочно влијание врз економскиот развој.

Самитот Македонија2025 и оваа година обедини претставници од бизнис секторот, институциите, академската заедница, инвеститори и лидери од регионот и светот, отворајќи дискусии за економскиот развој, лидерството, иновациите и иднината на регионот.

Како компанија која веќе две децении е значаен инвеститор и двигател на енергетската трансформација во земјата, ЕВН Македонија останува посветена на модернизацијата на енергетскиот систем, одржливиот развој и создавањето долгорочна вредност за економијата и општеството.

Клучни зборови

  • ЕВН
  • Македонија 2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk