Просечната плата кај стоте најголеми фирми по добивка во 2024 година е 55.000 денари, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис Мрежа. Сепак, повеќе фирми се над овој просек, а многу се и под просекот. Податоците покажуваат дека 30 фирми, или речиси секоја трета од овие високопрофитни компании, се со просечна плата над 60.000 денари. Потоа се 39 фирми со просечна нето-плата од 40.000 денари до 60.000 денари, а во 21 фирма има просечна нето-плата од 30.000 до 40.000 денари. Во 7 компании, иако се меѓу најпрофитните, платите се под 30.000 денари, а една од нив е со евидентирана просечна плата од само 3.000 денари.
Станува збор за Друштвото за трговија на големо и мало МА ТРУСТ ДОО Скопје, кое е со добивка од 10 милиони евра, а таму фигурира еден вработен. На дното од табелата се две фирми без плата, но и без вработени. Едната е Каменимост комуникации, за којашто веќе пишувавме (https://pari.com.mk/kamenimost-komunikacii-i-bez-vraboteni-ima-profit/), и таа како сопственик на 51 насто од акциите на Македонски…