Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Македонија2025 доделува три стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

28 фев. 2023 г.·2 мин читање·1008 прегледи

Следете не на Viber

Исклучителна можност за врвна едукација на македонските извршни директори и менаџери преку менторство, вмрежување и практично учење

– Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат 3 стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на Програма за развој на извршни директори. Оваа програма се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија. Програмите за обука на извршните директори се дизајнирани во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство. Тие ќе ги обноват и надоградат веќе стекнатите вештини на македонските бизнис професионалци и ќе придонесат кон понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.

Уште од 2017 година, фондацијата Робин и Мајк Зафировски ја поддржува програмата за извршни директори – Зафировски. Македонија2025 искрено ја цени нивната посветеност и придонес кон развивање и раст на идните 100 бизнис лидери во земјата. Поддржувајќи го растот на бизнис лидерите, се надеваме дека тие ќе станат прогресивни членови на македонското општество и ќе придонесат за градење посилна нација. Во една прилика патронот на програмата Мајк Зафировски изјави: „За мене лидерството базирано на вредности е мошне важно, а токму програмата на Келог го поттикнува тоа. За жал, денес во сите општества довербата кон лидерите во бизнисот, во политиката, во образованието, е на мошне ниско ниво. Јас верувам во мислата, во советот на мојот драг пријател Хари Кремер кој вели: Потрудете се да бидете најдобрата верзија на себе и ќе видите дека ќе почнете да растете, а со вас и луѓето околу вас, вашата компанија, ќе станете алка за поврзување и прогрес.„

Повикот е отворен до 10 март 2023 година. Повеќе информации за критериумите, начинот на аплицирање и селекција можете да најдете во отворениот повик на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапен  ТУКА.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на nena@macedonia2025.com.

 

Клучни зборови

  • Келог-школа
  • Македонија2025
  • Стипендии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk