Часовникот одамна не е само средство за мерење време – тој е симбол на статус, стил и вредност. Накитот, пак, продолжува да е еден од најинтимните облици на самоизразување. И токму во овие симболи на луксузот, македонските граѓани секоја година оставаат милиони евра. Во 2024 година, само трите најголеми компании што се занимаваат со продажба на часовници и накит – „Мај Тајм“ (ВОЧ ИД), „Божиновски“ (Бисера Комерц) и Б-ВОЧ – инкасирале над 11 милиони евра. Тоа значи дека секој ден граѓаните трошеле, просечно, околу 32.000 евра во овие продавници.
Но, што се крие зад овие бројки? Кој најмногу заработува, кој губи здив, а кој тивко го зацврстува својот темел? Порталот Пари во оваа анализа користејќи ги податоците на Би…