Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

LOVE (and MONEY) IS IN THE AIR – Американците го слават Свети Валентин со 25,8 милијарди долари

14 фев. 2024 г.·3 мин читање·792 прегледи

Следете не на Viber

Американците не прашуваат за цена кога купуваат подароци за Денот на вљубените. И оваа година ќе се вброи во рекордните, бидејќи за 14 февруари ќе се потрошат 25,8 милијарди долари. Износот е на истото ниво со ланската потрошувачка (25,9 милијарди долари) и е трет по големина откако се спроведува истражувањето од страна на National Retail Federation и Prosper Insights & Analytics, кое било реализирано од 2 до 8 јануари, со опфат на 8.329 испитаници.

Повеќе од половината анкетирани, односно 53 проценти потврдиле дека ќе го слават празникот по „сите прописи“. Меѓу нив, со 62 отсто се издвојува групата лица на возраст од 25 до 34 години.

Во момент кога биле прашани, 47 отсто рекле дека славењето не им е во план, но сепак, 29 проценти од нив навеле дека ќе го одбележат денот со некој подарок за себе (15%), или во друштво на пријателите и семејството (11%). Има и такви (3%) кои за Денот на вљубените ќе купат „анти“ подароци.

Американците кои го слават Свети Валентин просечно трошат 186 долари, што е речиси осум долари повеќе од просечната потрошувачка во последните пет години. Што се однесува до тоа на кого трошат пари, истражувањето покажува дека на прво место се сопружниците и други важни личности (86%), потоа членови на семејството (56%), за домашните миленици (31%), за пријателите (28%), за соучениците и наставниците на децата (24%), за соработниците (16%) и за сите останати (12%).

Кога се слави љубовта, најмногу се купуваат романтични подароци, на кои ќе се потрошат рекордни 14,2 милијарди долари. Или, приближно 101,84 долари по човек, вели податокот кој произлегува од истражувањето.

Инаку, за Американците најдобрите подароци за овој празник се слатките (57%), честитките (40%), цвеќето (39%), вечерното излегување (32%), накитот (22%), облеката (21%) и гифт картичките (19%). Очекувањата се дека ќе бидат надминати досега поставените прагови во потрошените пари за купување накит – 6,4 милијарди долари, за цвеќе 2,6 милијарди долари, за секси долана облека 3 милијарди долари и за вечерно излегување 4,9 милијарди долари.

Потрошувачката еуфорија е најзабележлива во онлајн купувањето, кое од ланските 35, годинава се зголемило на 40 отсто. Секако, добар дел од Американците ги посетуваат шопинг центрите (33%), продавниците кои нудат попусти (31%) и цвеќарниците (17%).

Прославата на најромантичниот ден во годината и не мора да е многу скапа. Никој не треба да ја жртвува добрата забава со партнерот само поради ограничениот буџет, им препорачуваат на Американците финансиските планери и советници. Свети Валентин може да се мине и без многу пари. Предлозите се романтичен пикник во природа, пешачење, планинарење. Може да се проследи и некој спортски настан, концерт, или да се мине денот во релаксирачка масажа… Или, да се пронајдат поевтини алтернативи за скапите подароци.

„Love Is in the Air“, пее Џон Пол Јанг. Амерканската верзија, базирана на потрошувачките навики за Денот на вљубените е Love (and Money) Is in the Air.

Клучни зборови

  • 14 февруари
  • Америка
  • Свети Валентајн
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk