Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Лоша вест за сите корисници на мобилен телефон

17 јул. 2020 г.·2 мин читање·130 прегледи

Следете не на Viber

Кинеската технолошка компанија „Huawei“ објави дека одлуката на британската влада да ја отстрани опремата на „Huawei“ од системот на британската мрежа 5Г е „разочарувачка“.

Кинеската компанија наведе дека тоа „ќе ја стави Британија во бавна дигитална лента и ќе го зголеми продлабочувањето на дигиталните разлики“.

„Оваа разочарувачка одлука е лоша вест за секој во Велика Британија што користи мобилен телефон“, изјави портпаролот на „Huawei“ во Велика Британија, Ед Брустер, пренесува Кинески радио интернационал.

Во исто време, тој и предложи на британската влада да ја преиспита одлуката.

„Веруваме дека новите ограничувања на САД за „Huawei“ нема да влијаат врз проширувањето или безбедноста на производите што ги доставуваме во Велика Британија“, рече Брустер.

Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека се спротивставува на одлуката, потенцирајќи дека оваа одлука на Велика Британија е неоснована, пренесува „BBC“.

Портпаролот на кинеското Министерство Хуа Чунинг изјави дека Пекинг ќе преземе мерки за зачувување на „легитимните интереси“ на кинеската компанија.

„Велика Британија користеше неосновани ризици како изговор за соработка со САД во кршење на релевантните обврски што ги презеде. Сите одлуки и потези ќе бидат платени“, се закани таа.

Кинескиот амбасадор во Велика Британија Лиу Ксијаоми изјави дека одлуката не само што е разочарувачка, туку и тажна.

„Начинот на кој се однесувате кон „Huawei“ ќе биде многу внимателно набљудуван од другите кинески компании“, рече тој.

Извор: Bankar.rs

Клучни зборови

  • 5г мрежа
  • Ед Брустер
  • Хуавеи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk