Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Лондон е подготвен за транс-пацифичко партнерство

23 јун. 2021 г.·2 мин читање·553 прегледи

Следете не на Viber

Велика Британија е подготвена да започне преговори за пристапување кон зоната на слободна трговија, која на своите компании ќе им овозможи пристап до некои од најголемите економии од сегашноста и иднината, објави владата во Лондон.

Сеопфатниот и прогресивен договор за транс-пацифичкото партнерство се состои од 11 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Јапонија.

Членството ќе ги намали царините за извоз на британската стока, како што е за автомобилите и за виски пијалоците. Трговската област опфаќа пазар од околу 500 милиони луѓе.

Нов Зеланд, Брунеи, Чиле, Малезија, Мексико, Перу, Сингапур и Виетнам се исто така основачи на трговскиот договор, кој беше воспоставен во 2018 година. Велика Британија аплицираше за влез во блокот во јануари, по Брегзит.

Велика Британија е првата земја која не е основач и земја која се пријавила да се приклучи кон договорот за транс-пацифичкото партнерство и со тоа ќе биде втора по големина економија, зад Јапонија, доколку успеат преговорите. Договорот за слободна трговија овозможува намалување на царинските давачки меѓу земјите-членки и намалување од 95% од давачките за стоки. Државите пак, мора да соработуваат во спроведувањето на регулативите, како што се стандардите за храна.

Сепак, овие стандарди и прописи не мора да бидат идентични, па така, членовите можат да склучуваат и свои трговски договори. Меѓутоа, кога Лондон неодамна потпиша договор за слободна трговија со Канбера, британските земјоделци реагираа предупредувајќи дека увозот на храна од Австралија може да ги намали цените и да ги наруши стандардите за социјална заштита.

Клучни зборови

  • Велика Британија
  • слободна трговија
  • транс-пацифичкото партнерство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk