Литар бензин поскапе на 67,5 денари, дизелот ќе чини 57 денари

1 мин читање1347 прегледи

Нова цена на горивата. Бензините поскапуваат за 1,5 денари, додека дизелот за еден денар. Според новата тарифа донесена од Регулаторната комисија за енергетика од полноќ, литар еуросупер БС-95 ќе чини 67,5 денари, додека еуросупер БС-98 ќе се продава за 69,5 денари. Цената на дизелот се зголемува на 57 денари.
Според Регулаторната комисија и најново поскапување на горивата се должи на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период, кај бензинот во просек за 4,982%, а кај дизелот за 2,764%, но и на доларот за 1,218%.