Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025, мини МБА обука за идни лидери и претприемачи

14 апр. 2026 г.·2 мин читање·239 прегледи

Следете не на Viber

Денес официјално започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот, мини МБА обука наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од Македонија. Програмата се реализира во организација на Македонија2025, во соработка со престижната бизнис школа „Ричард Ајви“ од Канада, а поддржана од партнерот Кроација Осигурување.

Учесници од целата земја и оваа година ќе имаат можност да бидат дел од интензивна двонеделна обука, дизајнирана според МБА пристапот на „Ајви“ и прилагодена на реалните предизвици со кои се соочуваат стартапите, малите и средни претпријатија, како и идните лидери во корпоративниот сектор.

Програмата опфаќа клучни бизнис области како стратегија, маркетинг, финансии, управување со човечки ресурси, развој на производ, подготовка на бизнис план и лидерство. Наставата се одвива преку студии на случај, интерактивни симулации и практични вежби, дополнети со индивидуални менторски сесии со инструктори од Канада.

„ЛИДЕР Проектот е потврда за нашата заложба да изградиме генерација млади лидери кои ќе придонесат за економскиот развој и иновациите во Македонија. Вложувањето во знаење, претприемнички дух и лидерски вештини е клучно за создавање поконкурентна и одржлива економија“, изјави проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025.

Програмата е дополнително збогатена со гостински предавања од истакнати македонски бизнис лидери, кои ќе споделат практични искуства и увид во актуелните трендови. Обуката завршува со презентација на бизнис идеи пред комисија составена од претставници на бизнис заедницата.

Македонија2025 е меѓународна, независна и непрофитна организација посветена на унапредување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и вредносното лидерство, со цел создавање одржлив економски раст и посилна нација.

 

Клучни зборови

  • Македонија 2025
  • Ричард Ајви
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk