Летните одмори се во полн ек, но традиционално летниот шпиц почнува од втората половина на јули, а кулминацијата ја доживува во првите две недели од август.
Порталот Пари „просурфа“ по цените на охридското и струшкото крајбрежје, ги рагледа сместувањата во Дојран, но чепна и по планинскиот туризам во Маврово, Берово и во Крушево.
Се водевме од тоа да ја утврдиме понудата за едно четиричлено семејство со две деца – едно 5 години, а едно 14 години. Притоа, за сместување пребарувавме колку тоа чини во последната недела на јули и колку во првата недела од август. Цените на храната и на бензинот ни се познати- а тие покажуваат дека сега и хранењето и патувањето до саканата дестинација ќе не чинат далеку повеќе од лани.
Охрид
Пребарувачот на платформата Booking, ни даде исти резултати за една недела престој, било да е тоа последната недела од јули (од 25 до 31 јули), или пак првата недела од август , од 1 до 7 август. Најнискиот износ, за двата термина, што го „исфрли“ Booking за 6 ноќевања за 4 лица е 12.927 денари за простор од 50 квадратни метри – со две спални и кујна, во реновирана гаража, како што навел самиот газда, лоцирана на 2,6 километри од плажата Сараиште. Највисокиот износ пак, го понуди „Вила Бела“ – 1…