Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЛЕТНА ПРОГРАМА ЗА ИНВЕСТИЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН 2024: Можност за стартапи од регионот

10 јул. 2024 г.·3 мин читање·2523 прегледи

Следете не на Viber

Во време кога иновациите и технологијата играат клучна улога во развојот на економиите, стартапите од Западен Балкан добиваат нова шанса за технолошки раст преку Летната Програма за Инвестиции на Западен Балкан (WBSIP) за 2024 година. Оваа иницијатива, организирана од NEST Group и поддржана од Европската банка за обнова и развој (EBRD), Vestbee  и SwissEP, има за цел да ги поврзе стартапите со инвеститори, ментори и корпорации, овозможувајќи им да ги подобрат своите бизниси и да добијат значителна финансиска поддршка ова лето.

Што нуди WBSIP 2024?

WBSIP 2024 е креирана за да им помогне на стартапите од Западен Балкан да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат во фазата на развој и да обезбедат инвестиции од 200.000 до два милиони евра. Програмата започнува со обуки и менторства од страна на искусни инвеститори и експерти, кои ќе ги споделат своите знаења и вештини за успешна реализација на бизнис идеите.

Една од клучните компоненти на програмата е интензивниот Bootcamp за подготвеност за инвестиции, кој ќе се одржи онлајн на на 5-ти до 8-ми август 2024 година. Овој настан ќе им овозможи на учесниците да ги усовршат своите презентации и инвестициски документи и да бидат оценети од над педесет (50) Venture фондови и мрежи на „Ангел“ инвеститори. Во месец август ќе се одберат 15 компании со кои директно ќе работи тимот на НЕСТ и со поддршката на консултанти од ЕБРД ќе се подготвуваат за HowtoWeb во Романија како и за завршниот настан – MatchIn Summit, кој ќе се одржи во октомври 2024 година во Скопје. На самитот, стартапите ќе имаат можност да ги презентираат своите бизнизи пред потенцијални инвеститори и партнери.

Клучни датуми и потребни квалификации

Пријавувањето за WBSIP 2024 е отворено од 26 јуни до 21 јули 2024 година. Стартапите кои се заинтересирани треба да имаат развиен технолошки производ (софтвер или хардвер) и тимови со седиште во Западен Балкан. Оваа програма е идеална можност за стартапите кои имаат потенцијал за раст и бараат финансиска поддршка за да ги реализираат своите цели.

Поволности за Учесниците

Учесниците на програмата ќе имаат пристап до:

  • Менторство: Искусни venture инвеститори и експерти од најуспешните регионални корпорации.
  • Мастеркласи: Специјализирани обуки кои ќе им помогнат на стартапите да ја дефинираат својата стратегија за раст.
  • Поврзување: Можности за поврзување со корпоративни партнери и повеќе од 50 инвеститори од Централна и Источна Европа.
  • Специјални сервиси од тимот на NEST venture studio и бесплатни сервиси од партнери како AWS, Hubspot, Stripe, Microtica, OpenAI и други кои ќе им помогнат на стартапите да ги намалат своите трошоци и го забрзаат растот.

Претходни компании кои ја имаат завршено програмата вклучуваат македонски компании како  Airport Briefing, Codewell, Finqup, Konceptiva, Innovation и други, кои успеале да затворат инвестиции од над 7 милиони евра.

Преку оваа програма, Западен Балкан добива платформа за промоција на иновациите и претприемништвото, што ќе придонесе за економскиот развој на регионот и ќе создаде нови можности за младите таленти.

За повеќе информации и пријавување, посетете ја Vestbee.

Клучни зборови

  • EBRD
  • MatchIn Summit
  • SwissEP
  • WBSIP
  • ЕБОР
  • Нест
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk