Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Летна навала по патничко осигурување: Во јули вложени 685.000 евра

29 авг. 2023 г.·2 мин читање·994 прегледи

Следете не на Viber

Граѓани, компании и институции во јуни вложиле 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања, најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување

Во екот на годишноодморската сезона речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ, со кој се осигуруваат ризици при патување во странство, граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра), покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.

Вложувањата во патничко осигурување, споредено со истиот месец лани, пораснале за повеќе од шест милиони денари (107.000 евра). Притоа, бројот на лица кои купиле патничко осигурување е зголемен за девет насто. Во сите 18 класи на неживотно осигурување граѓани, фирми и институции вложиле 1,14 милијарди денари (18,6 милиони евра).

Продажбата на осигурување во јули, а во однос на јуни е намалена за шест отсто, но во однос на ланскиот јули е зголемена за 16 проценти. Од аспект на бројот на склучени договори за осигурување расте интересот за вложувања во неживотни осигурувања. Во јули бројот на склучени договори за осигурување надминал 238.000 и пораснал за осум насто во споредба со истиот месец лани. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата има осигурувањето имот и изнесува 154,3 милиони денари (2,5 милиони евра). Следува каско осигурувањето на моторни возила во кое се вложени 120,8 милиони денари (2 милиони евра).

Во дополнително (приватно) здравствено осигурување за еден месец граѓаните вложиле 82 милиони денари (1,3 милиони евра). Во вкупното вложување во неживотни осигурувања најголемо е учеството за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО). Во јули се купени полиси вредни 631,2 милиони денари (10,3 милиони евра). Од тоа, во зелени карти се вложени 171,7 милиони денари (2,8 милиони евра).

Во продажбата на неживотно осигурување за јули „Кроација осигурување – неживот“ и „Македонија осигурување ВИГ“ учествувалe со по 8,6 отсто. „Еуролинк“ остварил 8,7 проценти, „Евроинс осигурување“ – 9,1, „Граве неживот“ – 5,6 отсто. „Сава осигурување“ учествува со 11,1 отсто, „Триглав осигурување“ со 11,9, „Уника“ со 11,6, „Винер – ВИГ“ со 12,1, „Осигурителна полиса“ со 7,1 и „Халк осигурување“ со 5,6 проценти.

Клучни зборови

  • Винер – ВИГ
  • Граве Неживот
  • Евроинс осигурување
  • еуролинк
  • Кроација осигурување - Неживот
  • Македонија осигурување ВИГ
  • патничко осигурување
  • Сава осигурување
  • Триглав осигурување
  • Уника
  • Халк Осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk