Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Лани дипломирале 850 студенти помалку

6 јул. 2021 г.·2 мин читање·1820 прегледи

Следете не на Viber

Минатата година, вкупно 5056 од студентите дипломирале на државните високообразовни установи, а 1831 завршиле на приватните универзитети, додека 20 студенти дипломирале на верските факултети. Вкупно 6907 студенти ги завршиле своите додипломски студии минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во споредба со 2019 година, бројот на дипломирани студенти е намален за 12.3 %.

Најмногу дипломирани има на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Овде минатата година дипломирале вкупно 2624 студенти, од кои преовладува бројот на дипломирани економисти, но и на студенти од Филозофскиот факултет.

Втор по бројот на дипломирани студенти е Универзитетот во Тетово, каде дипломирале вкупно 1041 студент, со тоа што овде покрај медицина, најмногу дипломирале и од правните науки.

Трет на листата се најде Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде вкупно дипломирале 736 студенти. Најмногу дипломирани студенти на овој универзитет има по медицина и туризам и угостителство.

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, пак, лани дипломирале вкупно 501 студент. И овде најголем број дипломирани студенти доаѓаат од туризам и угостителство, но и од економските студии.

На Универзитетот „Апостол Павле“ во Охрид дипломирале 53 студенти, од кои најголем број биле студенти на Факултет за компјутерски науки и инженерство.

На Универзитетот „Мајка Тереза“ дипломирале 20 студенти, од кои повеќето студирале на Факултетот за социјални работи.

Според податоците на ДЗС, од вкупниот број дипломирани студенти 81.9 % се редовни, а 18.1 % се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студентки, пак, изнесува 59.5 %. Од вкупниот број студенти, 37 % дипломирале во рокот, додека 63 % дипломирале по рокот.

Клучни зборови

  • ДЗС
  • дипломирани студенти
  • помалку
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk