Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Повторно претставник на нашата земја е европски вицешампион на Европскиот квиз на парите

26 јун. 2020 г.·2 мин читање·260 прегледи

Следете не на Viber

На најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација, вторпат по ред се случи голем успех за нашата земја. Европската банкарска федерација (ЕБФ) ги објави победниците на годинешното издание на европското финале на Европскиот квиз на парите и соопшти дека европски вицешампион е Христијан Андовски од средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес. Првото место го освои претставник на Шпанија, додека третопласирани се претставници на Чешка.

Минатата година, кога нашата земја за првпат учествуваше во Европскиот квиз на парите, европски вицешампиони беа Викторија Панова и Марко Инѓилизов од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, коишто претходно беа победници на националниот натпревар. Повторувањето на успехот на европско ниво од страна на младиот велешанец Андовски, уште еднаш потврдува дека интензивното вложување во финансиската едукација на младите од земјата, веќе дава видливи резултати, како преку интересот на младите за стекнување знаења во областа на финансиите, така и преку подигнување на нивото на нивната финансиска писменост. Дополнителен показател за ова е и тоа што годинава, во големото европско финале на Европскиот квиз на парите, најбројни беа претставниците на нашата земја. 

Инаку, Андовски ја имаше искористено можноста што годинава ЕБФ ја даде заради глобалните околности со пандемијата на ковид-19, во финалето на Европскиот квиз на парите, преку онлајн-пристап да можат да учествуваат сите заинтересирани, вклучително и учениците коишто претходно не учествувале во националните натпреварувања. Второто место во Европа, тој го освои во конкуренција на голем број натпреварувачи од 28 држави. Според податоците на ЕБФ, во европски рамки, преку онлајн-платформата Кахут (Kahoot!), оваа година, бројот на учесници на Европскиот квиз на парите бил значајно поголем во споредба со минатата година.

Учеството на нашата земја на Европскиот квиз на парите го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА) во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука. За претстојниот период се планираат и други заеднички активности во сферата на финансиската едукација, прилагодени на можностите во текот на пандемијата на ковид-19.

Клучни зборови

  • Европскиот квиз
  • квиз на парите
  • Коле Неделковски
  • натпревар
  • Христијан Андовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk