Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Купување обврзници и поволни заеми кон банките остануваат главното средство за помош

12 ное. 2020 г.·2 мин читање·2047 прегледи

Следете не на Viber

Директорот на Европската централна банка Кристин Лагард рече дека програмата за откуп на обврзници за 1,35 трилиони евра и меки заеми кон банките најверојатно ќе останат главните средства за помош на економијата, додека ЕЦБ се подготвува да понуди нов стимул во декември.

Лагард денес рече дека „сите опции се на маса“, но дека програмата за купување обврзници и нудење на долгорочни заеми на банките се покажа како ефикасна мерка и дека тие можат да се прилагодат во согласност со развојот на пандемијата, пренесува АП и Бета.

На последниот состанок на ЕЦБ на 28 октомври, Лагард рече дека е скоро сигурно дека монетарната институција задолжена за 19 членки на еврозоната ќе ги зголеми стимулациите на состанокот на 10 декември.

Аналитичарите предвидуваат нови стимуланси бидејќи новиот раст на инфекции низ Европа, придружен со мерки за затворање на економијата и ограничување на движењето, го попречува економскиот раст.

Инфлацијата се спушти на 0,3 проценти во еврозоната во септември и сè уште заостанува зад целта на ЕЦБ да оди во спротивна насока, порасна за нешто помалку од два проценти.

Лагард предупреди на конференцијата на ЕЦБ во средата дека економијата се соочува со нестабилно, „зелено“ закрепнување, и покрај добрите вести за потенцијалните вакцини и рече дека ќе бидат потребни државни и банкарски мерки до вакцинирање да стане масовно.

Клучни зборови

  • заеми
  • мерки
  • обврзници
  • пандемија
  • помош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk