Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

КУПУВААТ И АКЦИИ И ОБВРЗНИЦИ – Колкави пари вложиле македонските играчи на странските берзи?

6 авг. 2024 г.·4 мин читање·3340 прегледи

Следете не на Viber

Македонци вложиле 25,7 милиони евра во акции и обврзници на странските пазари. Интересот за вложувања е очигледен – за шест месеци прометот е зголемен за високи 89 проценти. Парите се инвестирани преку домашните овластени учесници. Најчесто биле користени брокерските услуги на Стопанска банка АД Скопје. Преку неа се направени 43,18 проценти од вкупниот промет.

Изразен во македонската валута, вкупниот промет е 1.586.058.971,28 денари. За споредба, во истиот минатогодишен период на странските пазари, преку домашните овластени учесници, биле вложени 837.695.245,77 денари, односно 13,5 милиони евра. Инаку, исто како и лани, 50 отсто од парите се насочени кон акции, а 48 отсто во обврзници.

Податоците од кварталниот извештај на Комисијата за хартии од вредност покажуваат дека од вкупниот промет забележан на Македонска берза во првата половина од годинава – 3.524.678.648 денари (над 57 милиони евра), остварувањето на странските пазари учествува со 45 проценти.

Од петте овластени учесници, најголем дел од прометот на странските пазари е реализиран преку Стопанска банка АД Скопје – 684.925.041 денар или 11,1 милион евра. Втора во овој сегмет е Шпаркасе банка АД Скопје со промет од 512.299.101 денар (8,3 милиони евра) и учество од 32,3%. Следуваат Комерцијана банка АД Скопје со 204.104.862 денари (3,3 милиони евра) и удел од 12,87%; НЛБ банка АД Скопје со 103.740.484 денари (1,68 милиони евра) и 6,54%; „Инвестброкер“ АД Скопје со 80.989.483 денари (1,3 милиони евра) и со 5,11% квартално учество во вкупниот промет.

Анализата на прометот остварен надвор, а во однос на постигнатото во рамките на домашниот терен, истакнуваат од КХВ, покажува дека дел од нив првенствено се насочени кон тргувањето на странските пазари.

Пред сѐ, тука се посочува улогата на скопската Стопанска банка, која во овој квартал 89,65% од прометот го реализирала на странските пазари. Од Комисијата наведуваат дека слична била и минатогодишната состојба, со таа разлика што процентуалното учество не било толку високо и изнесувало 76,42%. Кумулативно за шест месеци оваа банка 86% од прометот го реализирала на странските пазари.

„Може да се заклучи дека Шпаркасе банка АД Скопје и во вториот квартал од 2024 година традиционално, првенствено е ориентирана на странските пазари“, забележале од КХВ. Од вкупно реализираниот промет во вториот квартал, 66,67% отпаѓа на тргување на странските пазари. Сепак, лани во истото време се разботело за 95,33%.

„Инвестброкер“, пак, иако доминантно тргувал на странските пазари со 51,12% од вкупниот промет, сепак брокерската куќа кумулативно во шестте месеци со 61,65% од прометот била насочена кон домашниот пазар.

Кон домашниот терен главно биле ориентирани Комерцијална и НЛБ банка. Првата 63,75% од прометот го направила дома, за разлика од лани кога во тој период на странските пазари остварила 48,64%, а на домашен 51,36%. А, втората – 70,45% од промет го остварила на домашниот пазар, речиси исто како и во споредбениот период (71,34%).

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • брокерски услуги
  • Комисија за хартии од вредност
  • Македонска берза
  • овластени учесници
  • промет на странски пазари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk